Јануари, 2026та година, дел од тимот на АГРОМА имаше можност да го посети саемот SIGEP WORLD во Римини - водечки меѓународен настан посветен на сладолед, слаткарство, пекарство, чоколадо, кафе и пица. Посетата беше одлична прилика да се запознаеме со најновите трендови, технологии и иновации во индустријата.
Со големо задоволство ги посетивме и нашите партнери, кои беа претставени со импресивна палета на производи и новитети. Нивната посветеност и креативност претставуваат силна инспирација за нашиот понатамошен развој и соработка.