1. Општи информации
а) Вовед
Ви благодариме на вашиот интерес за нашата веб-странa и нашите онлајн услуги. Заштитата на податоците на нашите посетители и корисници како и користењето на податоците само на начинот на кој нашите посетители и корисници очекуваат е еден од нашите најголеми приоритети. Во таа насока, следнава политика е дизајнирана со цел да ве информира за обработката на вашите лични податоци и вашите права во врска со оваа обработка според Законот за заштита на лични податоци и други законски прописи и регулативи.
б) Контролор
Ние, Агрома, според Законот за заштита на лични податоци сме контролор и поради тоа сме одговорни за обработката на вашите лични податоци.
в) Одговорно лице за заштита на личните податоци
Нашето одговорно лице за заштита на лични податоци можете да го контактирате со користење на следните информации за контакт: е-пошта: info@agroma.com.mk телефон: 02 3244 – 783 адреса: yл. 519 бр. 38 Скопје
2. Обработка на лични податоци при користење на нашата веб-страница
При користењето на нашата веб-страна, вашите посети се логираат во нашиот систем. Во логовите може да ги сочуваме моменталната IP адресата на вашиот уред, датумот и времето на пристап, типот на прелистувач, оперативниот систем на вашиот уред и страниците до кои се пристапува. Ние ги собираме овие податоци со цел да ја оптимизираме и подобриме нашата веб-страна и нашите онлајн услуги. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на легитимен интерес, односно нашиот легитимен интерес да ја заштитиме веб-страната и да го подобриме квалитетот на нашите услуги.
Дополнително, при одредени онлајн активности како што се регистрации, анкети, апликации, онлајн нарачки итн, ги чуваме вашите лични податоци кои сте го оставиле во процесот на овие активности. Законскиот основ за обработката на овие податоци се заснова на извршување на договор. Со цел соодветна заштита на овие податоци превземени се низа на мерки меѓу кои: енкрипции, безбедносни лозинки, контрола на пристап, поделба на должностите итн.
а) Пријавување за билтен/ формулар за пријава на е-пошта
Доколку сакате, преку веб-страната во делот на Е-Известувања во подножјето на веб-сајтот, можете да се пријавите да добивате билтен. Пријавувањето се прави со пополнување на формуларот за пријава. Личните податоци кои се собрани преку формуларот за пријава ќе се обработуваат само за испраќање на билтени на вашата e-mail адреса и само доколку сте дале согласност за оваа обработка на податоците. Вашите лични податоци ќе се обработуваат се додека не се откажете од билтенот со кликнување на линкот „отпишете се“ (unsubscribe) што се наоѓа во секој e-mail со билтен кој го праќаме до вас.
б) Колачиња (cookies)
За да го поедноставиме и унапредиме корисничкото искуство на веб-страната, како и за да овозможиме користење на одредени функции, користиме „колачиња“(cookies). Колачиња се мали текстуални датотеки кои може да бидат зачувани на вашиот уред. Дел од колачињата кои ги користиме се бришат по завршувањето на сесијата во прелистувачот. Други колачиња остануваат на вашиот уред и ни овозможуваат нам или на нашите партнери да го препознаеме вашиот прелистувач при вашата следна посета. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „
Политика за колачиња“.
г) Приматели на податоци
Во процесот на обезбедување на услугите може да користиме услуги од трети компании за обработка на вашите лични податоци. Овие трети компании може да се наоѓаат во земји во и надвор од Европската унија (ЕУ) и Европската економска област (ЕЕА). Ние се осигуруваме дека овие трети компании ги обработуваат личните податоци во согласност со европското законодавство за заштита на лични податоци со цел да се гарантира соодветно ниво на заштита на податоците. Не правиме пренос на лични податоци на други приматели, освен кога сме обврзани со закон да го направиме тоа.
д) Период на чување на податоците
Вашите лични податоци добиени преку нашата веб-страна се чуваат се додека не се исполни целта за која тие биле потребни. Исклучоци од ова правило се случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до финансиските и даночните служби. Во овие случаи мора да се почитуваат периодите на чување на податоците според законските прописи, каде периодот на чување за одредени податоци може да биде 5 или повеќе години. Исто, периодите на чување на податоците може да се продолжи и поради наш легитимен интерес како на пример да се гарантира безбедноста, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични престапници.
3. Вашите права
Како субјект на податоци, можете да нé контактирате во врска со заштитата на податоци со цел да ги искористите вашите права. Вашите права се следните:
• Право да добиете информации за обработката на податоците и копија од вашите податоци;
• Право побарате исправка на неточни податоци или пополнување на нецелосни податоци;
• Право да побарате бришење на личните податоци;
• Право да побарате ограничување на обработката на податоците;
• Право да ги добиете вашите личните податоци во структуириран, вообичаено користен и машински читлив формат и право да побарате пренос на овие податоци до друг контролор;
• Право на приговор на обработката на податоците;
• Право да ја повлечете дадената согласност во секое време со цел запирање на обработката на податоците што се заснова на ваша согласност;
• Право на поднесување на приговор до надлежниот надзорен орган: “Агенција за заштита на личните податоци”
Оваа Изјава за приватност го објаснува видот на лични податоци што АГРОМА ДООЕЛ СТРУМИЦА (во натамошниот текст: Контролор), ги собира од вас при посета на службените/деловните простории и како Контролорот ги користи овие податоци.
1.Зошто собираме (обработуваме) лични податоци?
Контролорот собира лични податоци преку системот за видеонадзор од следните причини (цели):
да се контролира пристапот до објектот (зграда, влез, простории..) и да се обезбеди сигурност на објектот, безбедноста на вработените во Контролорот и посетителите, како и на имот и информациите кои се лоцирани или се чуваат во просториите; за да се спречи, одврати и, доколку е потребно, да се испита неовластен физички пристап, вклучително и неовластен пристап до безбедносни и заштитени простории, ИТ инфраструктура или оперативни информации; и да се спречи, открие и да се испита кражба на опремата или средства во сопственост на Контролорот, посетителите или вработените, или закани по безбедноста на персоналот кој работи во просториите (на пример: пожар, физички напад).
Системот за видеонадзор не се користи за ниту една друга цел, како на пример да се следи работата на вработените или нивното присуство. Видео камерите се поставени така што не го покриваат околниот јавен простор. Камерите имаат за цел да дадат општ преглед на она што се случува на одредени места, но не и да се препознаат лица.
Системот за видеонадзор исто така не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази при внатрешни истраги или дисциплински постапки, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент заради кој е воспоставен видеонадзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до истражните органи во рамките на формална дисциплинска или кривична истрага.
Камерите за видео надзор се инсталираат на објектите кои се во сопственост контролорот и се поставени и фокусирани така што се снимаат само лица кои ќе пристапат до службените/деловните простории (објекти), вклучително и имотот (на пример за паркирање).
Системот со видеонадзор ја опфаќа областа на влезните и излезните места на објектите, крогот на дворот, магацинските простории.
2.Какви податоци собира Контролорот?
Контролорот собира само слики фатени на камерите, при што не се врши тонско снимање.
3.Кој е одговорен за обработка на податоците?
Контролорот е субјект кое ја врши обработката на личните податоци и кое ги утврдува целите на обработка, единствено во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Покрај тоа Борис Галев, е лице за контакт и одговорен за видеонадзорот.
4.Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за видеонадзор?
Контролорот користи опрема за видеонадзор за (да се наведе една или повеќе од наведените цели):
- заштита на животот или здравјето на луѓето;
- заштита на сопственоста;
- заштита на животот и здравјето на вработените поради природата на работата; или
- обезбедување на контрола над влегувањето и излегувањето од службените или деловните простории.
Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.
Покрај тоа, на влезот на објектите на АГРОМА ДООЕЛ СТРУМИЦА , има видливо и јасно истакнато известување за видеонадзорот кое им овозможува на субјектите на лични податоци да се запознаат со вршењето на видеонадзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видеонадзорот и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видеонадзор.
5.Кој може да ги види моите лични податоци?
До видео записите може да се пристапи само од страна на овластените лица за видеонадзор кои се членовите на безбедносниот персонал на Контролорот. Пристапот до дигиталниот уред или дискот на кој се чуваат видео записите е ограничен, заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, запис за секој настан или акција од вработените, односно овластените лица). До податоците, односно видео записите не може да се пристапи без овластување од страна на ИТ Администраторот и одговорен за видеонадзорот Борис Галев и Управителот Бошко Галев.
6.Како да ги контролирате вашите податоци?
Може да испратите барање на адресата на администрацијата до
Офицерот за заштита на личните податоци Никола Галев на следната електронска пошта
info@agroma.com.mk.
7. Можам ли да пристапам до моите податоци?
Вие имате право да пристапите до вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање до Офицерот за заштита на личните податоци Никола Галев на следната електронска пошта
info@agroma.com.mk.
8.Можам ли да ги менувам моите податоци?
Не е дозволено изменување на видео записот за видеонадзор.
9.Може ли да побарам ограничување на обработката на моите податоци?
Вие имате право да ја ограничите обработката на вашите лични податоци во секое време со испраќање на барање на Офицерот за заштита на личните податоци Никола Галев на следната електронска пошта
info@agroma.com.mk кога ја оспорувате точноста на вашите лични податоци, или кога на Контролорот повеќе не му се потребни податоците за извршување на неговите задачи. Вие исто така можете да ја блокирате обработка и кога работењето е незаконско и вие се спротивставувате на бришење на податоците. Сепак, блокирањето не е можно во секој случај на службена истрага.
10.Дали можам да ги избришам моите податоци?
Вие имате право да ги избришете вашите податоци во секое време со испраќање на барање на Офицерот за заштита на личните податоци Никола Галев на следната електронска пошта
info@agroma.com.mk, кога обработката е незаконска.
11.Дали се споделуваат моите лични податоци со други лица?
Вашите податоци се чуваат во Контролорот, освен ако не побарате од Контролорот или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.
12.Дали имам право на приговор?
Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на Офицерот за заштита на личните податоци Никола Галев на следната електронска пошта
info@agroma.com.mk кога имате легитимни причини во врска со вашата конкретна ситуација. Контролорот ќе постапи по вашето барање во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето.
13.Што можам да направам во случај на проблем?
а) Првиот чекор е да го известите Контролорот со испраќање е-пошта и да побарате да преземе акција на следната електронска пошта
info@agroma.com.mk.
б) Вториот чекор, ако не добиете одговор од нас или ако не сте задоволни од тоа, контактирајте со нашиот Офицер за заштита на личните податоци Никола Галев на следната електронска пошта
nikola@agroma.com.mk.
в) Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци , која ќе постапи по вашето барање и ќе ги донесе потребните мерки.
14.Кога ќе започне обработката на моите лични податоци преку системот за видеонадзор?
Обработката започнува во моментот кога ќе ги посетите просториите на Контролорот.
15.Безбедност на личните податоци
Контролорот е посветен на заштита на вашите лични податоци. Затоа, користи безбедносни технологии и процедури со кои се заштитуваат вашите лични податоци пред се од неовластен пристап, употреба или откривање. Ние ги чуваме вашите податоци на компјутерски системи со ограничен пристап и во контролирана околина.
16.Колку долго ги чуваме вашите податоци?
Контролорот ќе ги чува вашите лични податоци 30 календарски денови по вашата посета во нашите простории, по што сите снимени видеозаписи автоматски се бришат.